Nokia Map Loader
Со апликацијата Nokia Map Loader за компјутер, можете да даунлоадирате мапи и
датотеки со гласовно водење од интернет. Мемориска картичка со доволен
простор мора да биде вметната во Вашиот уред. Мора да ја користите апликацијата
Мапи и да пребарувате мапи најмалку еднаш пред да можете да ја користите Nokia
Map Loader, бидејќи Nokia Map Loader ги користи информациите на историјата од
Мапи за да провери која верзија на мапите да ја даунлоадира.
За да инсталирате Nokia Map loader, посетете ја www.nokia.com/maps, и следете ги
упатствата.
Даунлоадирајте мапи со Nokia Map Loader
1 Поврзете го Вашиот уред со компјутерот со компатибилен USB кабел за
податоци или Bluetooth конекција. Ако користите кабел за податоци,
одберете PC Suite како метода за USB конекција.
2 Отворете Nokia Map Loader на компјутерот.
3 Одберете континент и држава или регион.
4 Одберете ги мапите или услугите, и даунлоадирајте и инсталирајте ги на
Вашиот уред.
На табот Услуга од Nokia Map Loader, можете да купите лиценци за навигација и
сообраќајни информации, упатства за патување, и даунлоадирање мапи.