Nokia 7230 - Грижа за Вашиот уред

background image

Не го чувајте уредот на високи или студени температури. Високите температури може да го намалат векот на

електронските уреди, да ги оштетат батериите или да искриват или растопат одредени пластични делови. Кога

36 Информации за производот и безбедноста

background image

уредот се загрева до неговата нормална температура од некоја студена температура, во внатрешноста на уредот

може да се формира влага и да ги оштети плочките на електронските кола.

Не се обидувајте да го отворите уредот на друг начин освен како што е наведено во ова упатство.

Не го испуштајте удирајте или тресете уредот. Грубото ракување може да ги скрши внатрешните плочки на колата

и прецизната механика.

Не користете груби хемикалии, раствори за чистење, или јаки детергенти за чистење на уредот. Користете само

некое нежно, чисто, суво платно за да ја исчистите површината на уредот.

Не обојувајте го уредот. Бојата може да ги заглави подвижните делови и да спречи правилно функционирање.

Користете ја само антената што е приложена или нејзина одобрена замена. Неодобрените антени, модификации

или приклучоци може да го оштетат уредот и да ги прекршат правилата кои важат за радио уреди.

Користете ги полначите во затворен простор.

Направете резервни копии на сите податоци што сакате да ги зачувате, како што се контакти и белешки од

календарот.

За да го ресетирате уредот од време на време за оптимални перформанси, исклучете го уредот и отстранете ја

батеријата.

Овие предлози се однесуваат подеднакво на Вашиот уред, батерија, полнач, или било кој додаток.