
Итни повици
Важно: Овој уред функционира користејќи радио сигнали, безжични мрежи, земјени мрежи и функции програмирани
од корисникот. Ако Вашиот уред поддржува гласовни повици преку интернет (интернет повици), активирајте ги и
интернет повиците и мобилниот телефон. Уредот може да се обиде да оствари итни повици и преку мобилните мрежи
и преку Вашиот обезбедувач на интернет повик доколку двете се активирани. Не може да се гарантираат конекции во
38 Информации за производот и безбедноста

сите услови. Никогаш не треба да се потпрете само на било кој безжичен уред за важни разговори како што се итни
медицински случаи.
За да направите итен повик:
1
Ако уредот не е вклучен, вклучете го. Проверете дали постои соодветна јачина на сигналот. Во зависност од Вашиот
уред, можеби ќе треба да го завршите следноцо:
•
Вметнете SIM картичка доколку Вашиот уред користи некоја.
•
Отстранете одредени ограничувања на повик ако имате активирано во Вашиот уред.
•
Променете го Вашиот профил од Офлајн или Профил во лет во некој активен профил.
2
Притиснете го копчето за завршување онолку пати колку што е потребно да го испразните екранот и да го
подготвите уредот за повици.
3
Внесето го официјалниот итен број за Вашата моментална локација. Итните броеви се разликуваат според
локацијата.
4
Притиснете го копчето за јавување.
Кога правите итен повик, дадете ги сите неопходни информации што е можно попрецизно. Вашиот безжичен уред може
да е единственото средство за комуникација на местото на несреќата. Не прекинувајте го повикот додека не добиете
дозвола за тоа.