Надградби на софтвер користејќи го Вашиот компјутер
Nokia Software Updater е апликација за компјутер која што Ви овозможува да го
надградите софтверот на Вашиот уред. За да го надградите софтверот на Вашиот
уред, потребен ви е некој компатибилен компјутер, широкопојасен интернет
6
Општи информации
пристап и некој компатибилен USB кабел за податоци за да го поврзете Вашиот
уред со компјутерот.
За да добиете повеќе информации, да ги проверите објавените белешки за
најновите верзии на софтвер и да ја даунлоадирате апликацијата Nokia Software
Updater, видете на www.nokia.com/softwareupdate или на Вашата локална Nokia
web страница.
За да го ажурирате софтверот на уредот, сторете го следново:
1 Даунлоадирајте и инсталирајте ја апликацијата Nokia Software Updater на
Вашиот компјутер.
2 Поврзете го Вашиот уред со PC користејќи USB кабел за податоци, и одберете
PC Suite
.
3 Отворете ја Nokia Software Updater апликацијата. Апликацијата Nokia Software
Updater Ве води да направите резервни копии на Вашите датотеки, да го
надградите софтверот и да ги вратите Вашите датотеки.